Самитот на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност за Украина што се одржува во Париз е во организација на францускиот претседател Емануел Макрон

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на самитот „Коалиција на подготвени“ во Париз изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.
„Зајакнувањето на Украина да се брани е почетната точка. Потребен ни е и заеднички и долгорочен план. Ова е нашиот план за Подготвеност 2030 година“,
напиша таа на профилот на Икс.
📍 In Paris for the 4th Ukraine meeting.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) March 27, 2025
We’re working to strengthen Ukraine’s security – and Europe’s as a whole.
Reinforcing Ukraine to defend itself is the starting point.
We also need a common and long-term plan.
This is our Readiness 2030 plan. pic.twitter.com/yvWPVhY0Sk
Самитот на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност за Украина што се одржува во Париз е во организација на францускиот претседател Емануел Макрон.
Самитот доаѓа по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп.
Како што соопштија од француското претседателство, целта на состанокот ќе биде да се извлечат „оперативни заклучоци“, а агендата ќе се заснова на четири главни точки, од кои првата е натамошната воена поддршка на Украина и придонесите на секоја земја поединечно. Потоа ќе се разговара за модалитетите на „целосно примирје“, како и за подготовките за периодот што би следел по потенцијалното примирје.