Објавуваме видео и фотографии од местото на трагедијата
Уништен покрив и целосно изгорена внатрешност на објектот во кој била сместена супстандардната дискотека „Пулс“ во Кочани во која, според информациите што ги соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, загинаа најмалку 51 човек. Ова се гледа од фотографиите и видеото што ги направи екипата на „360 степени“ на местото на настанот.



Уличката што води до изгорената таканаречена дискотека е затворена од полицијата. Поставени се стоп-ленти и видливо е присуство на службени лица со полициски ознаки. Пристап до опожарениот објект не е дозволен.


Инаку, министерот Тошковски соопшти дека покрај загинатите 51 лице, повредени се над 100 луѓе, кои се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје. Пожарот настанал најверојатно од несоодветно користење пиротехнички средства за време на концертот на групата ДНК која настапувала во дискотеката.