Службениот пиштол, како што пријавил полицаецот, му бил одземен од металниот креденец во просториите на полициската станица кој го користел за чување на опремата и оружјето
Полициски службеник во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Крушево вчера во матичната полициска станица пријавил дека му бил украден службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми.

Службениот пиштол, како што пријавил полицаецот, му бил одземен од металниот креденец кој го користел за чување на опремата и оружјето.
„На 01.03.2025 во 08.00 часот во ОВР Крушево М. Х. (38) од Крушево, вработен како полициски службеник во ОВР Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, кој пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР Крушево му бил одземен службениот пиштол со рамка во која имало 13 куршуми“, се вели во информацијата објавена во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Министерството додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.