Документот беше предложен како симболичен чин на поддршка за Зеленски, чиј претседателски легитимитет е оспорувана од Русија, а неодамна и од некои претставници на САД, меѓу кои и претседателот на земјата, Доналд Трамп
Украинскиот парламент не ja усвои резолуцијата со која се потврдува легитимитетот на претседателот на земјата Володимир Зеленски, бидејќи за документот не гласаа доволен број пратеници, јави новинската агенција ДПА.

На специјалната седница на Врховната рада, свикана по повод третата годишнина од руската инвазија, резолуцијата доби 218 гласа, осум помалку од потребните 226.
Од присутните пратеници, 54 не учествуваа во гласањето, меѓу кои 38 членови од партијата „Слуга на народот“ на Зеленски.
Документот беше предложен како симболичен чин на поддршка за Зеленски, чија легитимност е оспорувана од Русија, а неодамна и од некои претставници на САД, меѓу кои и претседателот на земјата, Доналд Трамп.
Во резолуцијата се наведува дека Зеленски бил избран на „слободни, транспарентни и демократски избори“ и дека неговиот мандат „не е доведен во прашање од украинскиот народ или парламентот“.
Исто така, се повикуваше на член 108 од украинскиот Устав, според кој претседателот останува на функција сè додека не биде избран негов наследник.
Мандатот на Зеленскиот формално заврши во мај, лани, но нови избори не можат да се одржат поради воената состојба во земјата.
Минатата недела американски претседател Доналд Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ бидејќи не одржал избори во последните години, теза што претходно ја промовираше и Русија.
Без јасна парламентарна поддршка, Зеленски би можел да се соочи со потешкотии во ратификацијата на меѓународни договори, како евентуален мировен договор со Русија или договор за ретки минерали со САД, наведува агенцијата.