Од СДСМ нагласуваат дека се единствената партија во земјата во која членството избира претседател на директни внатрепартиски избори што, како што нагласуваат, „говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите“
Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврдила Централната изборна комисија на седница на која се разгледувале поднесените кандидатури за претседател на партијата.
„Врз основа на Статутот на СДСМ, како и врз основа на член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: Венко Филипче. Одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб-страницата на СДСМ заедно со програмата на кандидатот, а ќе биде доставена и до сите општински изборни комисии“,
се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ нагласуваат дека се единствената партија во земјата во која членството избира претседател на директни внатрепартиски избори што, како што нагласуваат, „говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите“.