При претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето-маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето-маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање
Oсновното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори.
Осомничениот, како што се наведува, од засега непознато лице набавил наркотична дрога – хероин и марихуана, и заради продажба ги држел, ги мерел, ги дробел и ги препакувал во својот дом на улицата „Васил Ѓоргов” во Скопје.
„На 7 февруари, при претрес во домот му биле пронајдени две пакувања марихуана со вкупна нето-маса од 35,46 грама, како и петнаесет пакувања хероин со вкупна нето0маса од 13,49 грама. Во станот биле пронајдени и апарат за мелење шеќер на кој има остатоци од кокаин и хероин, бидејќи го користел за дробење и ситнење на дрогата во прашкаста материја, дигитална вага на која ги мерел наркотичните дроги, како и други предмети со траги од дрога кои ги користел за мешање“,
соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото, но и да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и евентуални соучесници.