За утре синоптичарите најавуваат студено утро и сончево време со мала локална облачност во текот на денот
По ведрото и студено утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и умерен ветер од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Температурата наутро ќе биде од минус 7 до нула Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 2 до 12 степени.
Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе има сончево време со мала облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од минус 3 до 10 степени.
За утре синоптичарите најавуваат студено утро и сончево време со мала локална облачност во текот на денот. Дневната температура утре ќе биде од 3 до 13 степени.
Според најавите од УХМР, следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.