Во едниот случај е опожарена соба, а во другиот е оштетена кровна конструкција
Два пожара вчера гаселе кумановските пожарникари. Едниот бил предизвикан од плинска боца во семејна куќа во Куманово, а вториот во кумановско Черкези, каде што опожарен бојлер зафатил кровна конструкција на куќа.

Регионалниот центар за управување со кризи на Куманово информира дека за првиот пожар е интервенирано вчера во 10:20 час во куќа на улицата „Народна револуција“. Пожарот е локализиран еден час подоцна. Опожарена е една соба во објектот, а направената материјална штета допрва ќе се утврдува.
Втората интервенција се случила попладне во 16:25 часот, кога е интервенирано со една пожарникарска екипа. Пожарот ја оштетил кровната конструкција на објектот.