Поради ваквиот расплет, денешното рочиште од судскиот процес е одложно и презакажано за 23 јануари следната година, кога Кривичен треба да донесе да донесе одлука
„Обвинителството во мислењето на јасен начин се произнесе во однос на примената на Законот за амнестија (од 2018 година) истакнувајќи: ‘Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот Закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот, како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“, велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК)
Ќе падне ли случајот „Организатори на 27 април“, кој по вторпат се суди во Основниот кривичен суд. Ова прашање се наметна откако од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до Судот доставиле мислење дека Законот за амнестија од 2018 година, со кој дел од обвинетите извршители беа ослободени од гонење треба да биде применет и за обвинетите во овој случајот со „организаторите“.
Во овој случај обвинети се ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски и ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.
Мислењето што вчера стигнало од надлежното Обвинителство се однесува на Јанакиески, Ристоски и Вељаноски, но, не и за обвинетиот Атанасовски.
Поради ваквиот расплет, денешното рочиште од судскиот процес е одложно и презакажано за 23 јануари следната година, кога Судот треба да донесе одлука.
За даденото мислење попладнево се произнесоа и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од каде што велат дека тоа било донесено врз основа на заземен став на стручниот колегиум на Јавното обвинителството на Република Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека мислењето го донеле откако Основниот кривичен суд Скопје беше задолжен од Апелација да се произнесе во поглед на важењето на амнестијата за дел од обвинетите.
„При носењето на мислењето, јавното обвинителство ја имаше предвид и правната аргументација од веќе донесеното решение на судот од 20.12.2018 година со кое еден обвинет беше ослободен од гонење за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок од член 313 од Кривичниот законик пред фазата на изведување на докази“,
се вели во соопштението од ОЈО ГОКК.
Во него, како што велат од Обвинителството, се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да спори, бидејќи веќе има обвинети и осудени што се амнестирани.
„Обвинителството во мислењето на јасен начин се произнесе во однос на примената на Законот за амнестија истакнувајќи: ‘Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот Закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“,
велат ОЈО ГОКК.
Според Обвинителството, кај тројца од обвинетите (Јанакиески, Ристоски и Вељаноски) законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден (Атанасовски) овој институт не може да се примени, бидејќи, како посочуваат од ОЈО ГОКК) за него важат исклучоците од амнестија што ги дал законодавецот.
„Во секој случај имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка, обвинителството е обврзано според Законот за амнестија да даде мислење, но судот ја носи конечната одлука по свое наоѓање и убедување како краен арбитер“,
велат од ОЈО ГОКК.
Инаку, барање за амнестија според законот донесен во 2018 година поднесоа сите четворица обвинети во случајот. Тие барањата ги поднесоа на почетокот на повторениот судски процес во кој се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста откако Апелацискиот суд Скопје ја укина претходната пресудата на Кривичен, а како една од причините беше што недоволно биле разгледани односно занемарени приговорите во претходните барања за амнестија.
Со претходната пресуда од Кривичен, за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на шест и пол години казна затвор беше осуден поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, на по шест години и три месеци беа осудени ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, додека поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби шест затвор.
Меѓу причините за укинување на оваа пресуда, Апелација во април 2023 наведе дека првостепениот суд ги занемарил приговорите на обвинетите кога барале амнестија според Законот кој беше донесен во Собранието за настаните од „крвавиот четврток“.
„Првостепениот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постапувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор“,
соопштија тогаш од Апелација.