Демократска партија на Албанците (ДПА) смета дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, со почитување на препораките.
„Нашето мислење како ДПА е дека избори треба да има, но во зависност од развојот на коронавирусот. Сметаме дека по завршување на вонредна состојба, и 22 дена потоа, може да има избори со почитување на препораките од здравствените институции. Претседателот не може да ја тргне вонредната состојба ако не се почитуваат мерките и ако нема образложение од институциите“,
рече денеска Азем Садику од ДПА по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
