Демонстрантите фрлаа молотови коктели и огномет врз полицајците. Исто така, тие поставија барикади на улиците, а потоа ги запалија. Полицијата реагираше со солзавец и водени топови
Во главниот град на Грузија, Тбилиси, веќе четири ноќи по ред се водат жестоки судири меѓу полицијата и проевропските демонстранти кои не се задоволни од одлуката на владата да се одложи дебатата за пристапување на земјата во Европската Унија.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели и огномет врз полицајците. Исто така, тие поставија барикади на улиците, а потоа ги запалија. Полицијата реагираше со солзавец и водени топови.
The Moscow puppet government in Georgia decided to attack pro-democracy protestors with water cannons, pepper spray, tear gas, and rubber bullets, the protestors responded with the equivalent of a fireworks mini gun. #georgiaprotests pic.twitter.com/oAJN5FOVtt
— Anonymous (@YourAnonCentral) November 30, 2024
Протести се одржуваат и во други градови низ Грузија. Судирите – и продлабочената политичка криза меѓу националистичката конзервативна влада и проевропската опозиција – се закануваат да ја поделат земјата.

Европската Унија би можела да воведе санкции поради последните настани во Грузија, изјави вчера новата висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
„Јасно е дека употребата на насилство врз мирните демонстранти не е прифатлива и (грузиската) влада треба да ја почитува волјата на грузискиот народ, но и грузискиот устав“,
рече Калас за време на посетата на Киев.
Владејачката партија во Грузија во петокот објави дека земјата ќе ги прекине преговорите со Европската Унија до 2028 година и ќе го отфрли европското финансирање, со што практично ќе ја запре својата кандидатура за членство. Во соопштението за печатот, владејачката партија Грузиски сон ја обвини ЕУ дека ги користи пристапните преговори за уцена и „организирање револуција во земјата“.
„Одлучивме да не го ставаме на дневен ред прашањето за отворање на преговорите со Европската Унија до крајот на 2028 година. Исто така, одбиваме какви било буџетски средства од Европската Унија до крајот на 2028 година“,
соопшти владејачката партија.
Претходно грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави за новинарите дека членството во ЕУ може да ѝ наштети на грузиската економија бидејќи Тбилиси ќе мора да ги откаже визните договори и трговските договори со други земји.
Проевропската претседателката на Грузија во заминување Саломе Зурабишвили го критикуваше потегот на власта и оцени дека таа му објавила војна на сопствениот народ.
