Неговата состојба, како што информираат од клубот, ќе се следи во текот на следните 24 часа
Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, кој ненадејно се онесвести за време на натпреварот меѓу неговиот клуб и Интер, е во стабилна здравствена состојба. Оваа информација ја соопштија од клубот Фиорентина, посочувајќи дека во болница ќе биде задржан поради дополнителни испитувања.

„Бове е во стабилна состојба. Сместен е во Ургентниот центар. Од првите кардиолошки и невролошки наоди е утврдено дека нема акутно оштетување на централниот нервен систем и на кардио-респираторниот систем“,
велат од клубот Фиорентина.
Неговата состојба, како што информираат оттаму, ќе се следи во текот на следните 24 часа.
Bove è arrivato stabile dal punto di vista emodinamico presso il pronto soccorso e i primi accertamenti cardiologici e neurologici effettuati hanno escluso danni acuti a carico del sistema nervoso centrale e del sistema cardio respiratorio. Sarà rivalutato nelle prossime 24h.
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) December 1, 2024
Фудбалерот на Фиорентина, Бове, колабира на тревата во 16. минута од полувремето, додека ги врзуваше врвките од копачките. Веднаш беше повикана Итна медицинска помош, а фудбалерите од двата тима направија штит околу него, за да не се фотографира или снима интервенцијата на докторите.
