„Без безбедност не е можно ништо да се прави. Затоа работиме напорно со цел да се осигураме дека Европејците ќе уживаат во безбедноста. Тоа е многу ретка ситуација денеска, бидејќи живееме во многу понебезбедени свет отколку пред пет години“, рече Борел пред потпишувањето на договорот
С Македонија е кандидат за членство во Европската Унија и важен и почитуван партнер на Европската Унија во областа на безбедноста и одбраната. Како таква, таа е активна трета земја учесник во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ. Ова го сооштија од Европската служба за надворешни работи, од каде посочија дека денеска во Брисел министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

„Договорот ќе придонесе за зајакнување на отпорноста и ќе овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици, како хибридните закани, зајакнување на кибер безбедноста, борбата против териризмот, интегрирано гранично управување, спроведување на мисии и операции и соработка во други области од сферата на безбедноста и одбраната“,
сее вели во соопштението од Европската служба за надворешни работи.
Оттаму посочуваат и дека актуелната агресивна војна на Русија против Украина ја истакнува важноста за единство и соработката на ЕУ со нејзните најблиски партнери.
Пред потпишувањето на договор, Борел рече дека овој документ е доказ дека ЕУ е повеќе од економска унија, туку и дека е политичка унија со одговорности во сите делови на политичкиот живот, вклучително безбедноста и одбраната.
„Без безбедност не е можно ништо да се прави. Затоа работиме напорно со цел да се осигураме дека Европејците ќе уживаат во безбедноста. Тоа е многу ретка ситуација денеска, бидејќи живееме во многу понебезбедени свет отколку пред пет години“,
вели тој.
С Македонија е прва земја од регионот на Западен Балкан што потпиша ваков договор со ЕУ. Во следниот период се очекува ЕУ да потпише ваков договор и со Албанија. Преетходно, слични спогодби склучи и со Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Норвешкка и Молдавија.
Од Европската служба за надворешни работи потсетуваат и на одлуката на ЕУ од септември 2024 година за обезбедување поддршка од 13 милиони евра во рамки на Европскиот мировен фонд за Армијата на С Македонија, кој се оценува како важна превртница во заедничката безбедносна и одбранбена соработка.
Оваа, заедно со одлуката на Унијата од март 2023 година за зајакнување на капацитетите на вооружените сили на земјава, според Европската служба, ја одразуваат благодарноста на ЕУ за целосното усогласување на С Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.