Оваа недела, според РКЕ, дизелот останува со стара цена од 70,5 денари за литар
Од полноќ ќе се зголеми цената на бензините. Непроменета останува само цената на дизелот. Ова денеска го одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од каде што велат дека новите зголемени цени на горивата се должат на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка.
„Еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар и пол поскапува екстра лесното масло за домаќинство“,
информира РКЕ.
Така, новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар.
Оваа недела, според РКЕ, дизелот останува со стара цена од 70,5 денари за литар.
Екстра лесното масло ќе чини 69,5 денари за литар, а мазутот по цена од 43,844 денари за килограм.