Според ДУИ, кај министерот за здравство има недостиг на посветеност и одговорност, што е неприфатливо, особено кога здравјето и животите на децата се во опасност
Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка и да преземе одговорност за неколкуте трагични настани што се случија изминатиот период.
„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство“,
велат од ДУИ во денешното соопштение.
Од партијата велат дека е загрижувачки тоа што има намерна тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, а како пример го посочуваат последниот случај во Здравствениот дом во Куманово.
„Овие постапки не само што ја поткопуваат внатрешната кохезија на здравствените институции туку и го нарушуваат квалитетот на услугите што им се нудат на нашите граѓани“,
велат од ДУИ.
Според ДУИ, кај министерот за здравство има недостаток на посветеност и одговорност што е неприфатливо, особено кога здравјето и животот на децата се во опасност.
„Покрај тоа, јасно е дека нелегитимниот министер за здравство, кој дејствува како марионета на ВМРО и е вклучен во корупција, покажува и висок степен на неспособност во управувањето со здравствениот сектор. Оваа комбинација на сервилност, корупција и неспособност води кон длабока криза, каде што нашите граѓани ја плаќаат највисоката цена“,
додаваат од ДУИ.
Во врска со последните смртни случаи на Детската клиника, од ДУИ велат дека треба да има независна и транспарентна истрага, а бараат и итно запирање на дискриминацијата кон албанскиот медицински персонал.
Денешната реакција на ДУИ доаѓа откако вчера министерот за здравство Таравари повикувајќи се на статистики од минатото и сега, а кои му биле дадени од директорот на Детска клиника, било забележливо дека морталитетот на Клиниката оваа година споредбено со претходните е многу помал.
Според Таравари, во јавноста се злоупотребуваат сите случување и оти на клиниките, за жал, се случува да има смртни случаи.