„Вчера во 11:08 часот на единствениот повикувачки број за итни повици 112 е добина пријава за лице што паднало од чамец и се дави некаде на средина на Дојранското Езеро“, се вели во соопштението од Центарот
Граничната полициција вчера спасила давеник што од чамец паднал во Дојранското Езеро, информира Центарот за управување со крици (ЦУК), повикувајќи се на информациите добиени од Регионалниот ЦУК Струмица.
„Вчера во 11:08 часот на единствениот повикувачки број за итни повици 112 е добиена пријава за лице што паднало од чамец и се дави некаде на средина на Дојранското Езеро“,
се вели во соопштението од ЦУК.
Според ЦУК, веднаш е известена полициската станица во Гевгелија, а граничната полиција на терен веднаш интервенирала.
„Лицето е спасено, а извлечен е и неговиот чамец“,
информира ЦУК.