За време на претходниот претседателски мандат, Трамп донесе повеќе политики во корист на Израел, вклучително и преместување на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим
Честитки за најголемото враќање во историјата. Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и моќна посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка. Ова денеска му го порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Доналд Трамп откако тој денеска одржа победнички говор по изборите во САД.
„Ова е огромна победа“,
напиша Нетанјаху на социјалната мрежа Икс.
Dear Donald and Melania Trump,
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) November 6, 2024
Congratulations on history’s greatest comeback!
Your historic return to the White House offers a new beginning for America and a powerful recommitment to the great alliance between Israel and America.
This is a huge victory!
In true friendship,… pic.twitter.com/B54NSo2BMA
За време на претходниот претседателски мандат, Трамп донесе повеќе политики во корист на Израел, вклучително и преместување на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.
Нетанјаху за Трамп претходно изјави дека тој е најголемиот пријател што Израел некогаш го имал.
Доналд Трамп денеска се обрати пред своите поддржувачи откако првичните проекции од резултатите на изборите покажуваат дека тој ќе биде 47. претседател на САД.