Фокс њуз веќе го прогласи Трамп за победник на претседателските избори во САД. Според проекциите што ги објавува Си-ен-ен, пак, Трамп има 246 електроски гласа, а кандидатката на демократите Камала Харис има 187 електорски гласа. За победа се потребни најмалку 270 електорски гласа
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп победи во Северна Каролина, како и во Џорџија, две од клучните држави што традиционално не се определени ниту за една партија, со што го трасира патот до победа на претседателските избори во САД. Неговата противкандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис не може да се надева на најмалку 270 електорски гласа потребни за победа без да ја освои Пенсилванија.
Фокс њуз веќе проектира победа на Трамп и во Пенсилванија, но кај Си-ен-ен оваа држава е сè уште меѓу оние за кои не може да се каже победникот со сигурност.
Според Фокс њуз, Трамп дефинитивно се враќа во Белата куќа.
Според досегашните проекции што ги објавува Си-ен-ен, пак, Трамп има 246 електроски гласa, а кандидатката на демократите, Камала Харис, има 187 електорски гласа.
Според очекувањата, Трамп и Харис освоија победи во сојузните држави што за нив важеа како сигурни.
Американците избираат претседател по 60. пат во историјата.