„Во Законот за средно образование немаме никакви промени повеќе од 20 години, а треба да ги направиме во правец на модернизација на нашето општество и приближување кон ЕУ. Дополнително, ги регулираме прашањата околу инклузијата на повеќе ранливи групи, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Го регулираме нивното присуство во образовниот систем, образовните асистенти и сè она што им е неопходно за да се стекнат со соодветно образование на нивните можности“, рече министерката за образование
Се очекува во ноември да се најдат на гласање пред пратениците петте закони што веќе се ставени на јавна расправа, како законите за основното образование, за средното, за средното стручно образование, законот за образование на возрасни и законот за национална рамка за квалификации. Ова денеска од Прилеп го изјави министерката за образование Весна Јаневска одговарајќи на прашањето до каде се измените за најавените законски регулативи во образовниот систем.

„Овие закони се како работни верзии истакнати на веб-страницата на министерството. Тие веќе се готови и се ставени на јавна расправа. Тоа значи дека секој што има забелешка може да ја даде, а потоа ние да ја разгледаме. Доколку сметаме дека е прифатливо се разбира дека ќе биде вклопено во законот. Пристапни се до сите чинители што го сочинуваат образовниот систем, како наставници, родители, повозрасни ученици и администрацијата. Се надевам дека и нашите странски партнери ќе ги погледнат законите и ќе дадат свои сугестии“,
вели таа.
Откако ќе заврши јавната расправа, според министерката за образование, законите треба да ги погледне собраниската комисија за образование и наука, потоа треба да поминат на Влада, па на крај одат во парламентот на гласање.
Според неа, законот за основно е приспособување на законите за средно и средно стручно образование. Закон за средно стручно образование, како што вели Јаневска, досега немавме, а е неопходен за да се заокружат процесите на учење преку работа и учење во дуални паралелки.
„Во Законот за средно образование немаме никакви промени повеќе од 20 години, а треба да ги направиме во правец на модернизација на нашето општество и приближување кон ЕУ. Дополнително ги регулираме прашањата околу инклузијата на повеќе ранливи групи, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Го регулираме нивното присуство во образовниот систем, образовните асистенти и се она што им е неопходно за да се стекнат со соодветно образование на нивните можности“,
рече министерката.
Посочи дека законот за високо образование е обемен, па затоа процесот за негово финиширање ќе трае подолго време и нема да биде готов до крајот на годината.
„Почнавме да го работиме, во консултација со универзитетите, Интеруниверзитетскатра конференција, Националниот совет и очекуваме да го имаме во некоја посериозна нацрт-верзија или како предлог некаде после Нова година“,
вели таа.
Пред неколку дена Јаневска најави дека законот со кој ќе се официјализира дуалното образование во системот на средното образование ќе се носи во пакет со уште пет закони.