Основното јавно обвинителство Тетово до Основниот суд поднесе предлози за определување казнени налози против пет лица. Сите се обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и за секого од нив е предложена парична казна од по 100 дневни глоби.
„Имено, лицата не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа“,
соопштија од Обвинителството.
