Во видео порака снимена во Диво Насеље, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бара да се дознае вистината за трагичните настани од пред пет години, кога во терористичка акција животот го загубија 8 припадници на МВР.
„По мини дводневната војна слушнавме многу одговори но за жал не ја слушнавме вистината за кумановските настани. Македонија му должи на Куманово, тоа најчесто го слушаме, но за жал уште нема одговор. Се сменија многи министри за внатрешни работи, многу одговорни лица, но никој не даде точен одговор дали тоа беше политички мотивирано или навистина се случи нешто за кое нема денеска објаснување“,
вели Димитриевски.
