Надлежните велат дека поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот Дебарски Регион

Невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења попладнево го зафати Дебарско.
По невремето улиците во Дебар се преполни со вода и има скрешни гранки.
Според информациите од надлежните, штетата на земјоделските посеви е незначителна.
„Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории, но граѓаните вообичаено не пријавуваат“,
изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК – Дебар за МИА.
Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта велат дека поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот Дебарски Регион.