„На влез во државата, полициски служебеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка ‘апси‘ по барање на Интерпол Србија. Предаден е на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка“, велат од ресорното министерство
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ја потврди информацијата на косовското министерство за надворешни работи дека е уапсен косовски државјанин, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), врз основа на потерница издадена од Република Србија.
Од МВР соопштија дека вчера во 16 часот на граничниот премин „Јажинце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово.
„На влез во државата, полициски служебеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка ‘апси‘ по барање на Интерпол Србија. Предаден е на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна посапка“,
се вели во соопштението од МВР.
Според информациите на косовското министерство за надворешни работи (МНР), а како што пренесуваат косовските медиуми, уапсениот е Блерим Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на ОВК.
Оттаму информираат и дека со случајот е запознаен и амбасадорот на Косово во РС Македонија, која се залага за брзо ослободување на уапсениот Рамадани.
За апсењето на Рамадани реагираше и Организацијата на воени ветерани на ОВК на Урошевац, која на Фејсбук изрази загриженост и огорченост за апсењето на нивнот соборец.