Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за уредбата на Владата со која беа замрзнати изборните дејства и за тоа дали тие треба да продолжат кога ќе прекине вонредната состојба.
„Го разговаравме ова прашање. Уредбите од Владата според експертите кои ги консултиравме, важат се додека е вонредната состојба. Основано на ова можеби е логично од тој момент да продолжат роковите. Ние сме во ситуација каде имаме една уставна празнина, вакуум и тоа вакуум во која форма на демократија е С. Македонија. Ние сме парламентарна демократија, и денес во вонреднава состојба немаме парламент. Ние сме парламентарна демократија и по вторпат претседателот на државата прогласува одлука за вонредна состојба, без да се потврди првата одлука од претседателот. Ние сме парламентарна демократија и бидејќи некој гласно вели дека не треба се свика Собранието, тогаш апелирам до претседателот да направи нова Влада, го има ова право во оваа вонредна состојба. Тој може да избере премиер, да избере техничка Влада, и да ги тргне политичкиве претставници од привремената Влада на оваа вонредна состојба на која се наоѓа. Тој има право пак да прогласи вонредна состојба, бидејќи станува опасен претседател во врска со одлуката донесена од Уставен. Не верувам дека г. Пендаровски ќе направи нешто такво, но тој врз основа на одлуките што се донесени и во неодговорните изјави на некои политичари, тој има право денеска да стане монарх на овaа земја, бидејќи има право да прогласи вонредна состојба на секои 30 дена и до бескрај на секои 30 дена може да прогласува вонредна состојба, избори да не се одржуваат, Парламент да не се конституира и со ова каде ќе завршиме?! Овие дилеми за жал, јас не знам дали судиите кога одлучувале ги имале предвид за потребата да се состане Парламентот. Не знам дали ги имаат предвид некои политички актери кои инсистираат и не го свикуваат Парламентот. Верувам дека ако Претседателот сака да прави нова Влада, тогаш истите ќе го креваа гласот и ќе речеа ајде брзо да го свикаме Парламентот затоа што вака не може. Значи некој ја користи ситуацијава за тесни партиски интереси. Има политички партии кои во оваа состојба добиваат големи пари и изјавуваат дека парите на нивните функционери ќе ги донираат за солидарниот фонд. Зошто да не, кога имаме директори на клиники ексминистри и функционери на еден албански политички субјект кој една заштитна маска со пари на граѓаните ја купува за 380 денари. Замислете каков профит реализираат тие! Затоа велам дека ситуацијата е оваа која е, но ние треба да се фокусираме за да излеземе од оваа криза и Комисијата за здравство само треба да каже дали има услови за избори во ситуацијата со пандемијата“,
вели Села.
