Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во интервју за „360 Степени“ побара амнестија за сите кои се казнети за непочитување на мерките поврзани со коронавирусот.
„Ние оценуваме дека во оваа кризна ситуација граѓаните тешко ги пребродуваат овие казни, добро е што повеќе да се држат до правилата, но мислам дека Владата треба да предлага амнестија за сите казни кои се напишани досега затоа што има голем број граѓани кои се казнети, истовремено ги повикувам да ги почитуваат владините мерки, тие се за доброто и здравјето на граѓаните. Но ќе треба Владата да ги амнестира сите они кои се казнети чии број е со илјадници. Амнестија за сите оние кои се казнети во текот на оваа вонредна состојба било за прекршување на полицискиот час, било за други случаи на овие прекршувања што се направени не почитувајќи ја дистанцата затоа што во оваа кризна здравствена ситуација која потоа има економски ефекти за државата и граѓаните. Граѓаните не треба да плаќаат 2-3 илјади со кои ќе се казнат затоа треба целокупна амнестија за сите овие казнети кои биле казнети во текот на оваа ситуација“,
вели Села.
Тој вели дека треба или сите да се казнат или да има амнестија, за да нема двојни стандарди.
