Идејата да се отвори факултет во секој град, посочи дека била добра, иако се претворила во својата спротивност и влијаела на намалување на квалитетот на високото образование
Ќе постапиме по секоја пријава за немање на стандарди за дејноста за која се акредитирани и ќе има реевалуација на високообразовните установи во државата. Ова вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма го најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, посочувајќи дека ќе се прави анализа за тоа колку факултети се потребни од една дејност, во насока и со потребите на пазарот на трудот.

„Ќе постапиме по секоја пријава. Ќе има реевалуација на високообразовните установи. Секој што исполнува усови – со среќа, секој што не исполнува услови, ќе мора да се помири со судбината“,
рече таа.
Според неа, мора да се отвори дискусија дали на државата и се потребни 20 факултети по правни науки или пет факултети по медицина.
Идејата да се отвори факултет во секој град, посочи дека била добра, иако се претворила во својата спротивност и влијаела на намалување на квалитетот на високото образование.
„Наместо да има поголема компетиција меѓу универзитетите, се случи спротивното. Впечатокот е дека влијаеше на намалување на квалитетот на високото образование“,
рече таа.
Одговарајќи на прашањето зошто наставниците немаат потпишано колективен договор и нема да добијат покачување предвидено со колективните договори, Јаневска посочи дека минатата власт од чист популизам потпишала толку колективни договори, а обезбедила средства само до август.
„Беше смислена замка да покажат дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е способна да ги исплати платите, а ја оставила државата во ненирмален долг. Зошто ги потпишаа тие договори кога знаеја дека нема пари. Потпиаа за цела администрација, само наставниците ги оставија“,
рече Јаневска.
Министерката посочи дека нема да ги лаже наставниците и оти се надева деека до крајот на мандатот ќе се создадат услови да се потпише колективниот договор и наставниците да добиваат плати според него.