ЈСП соопшти дека утре и задутре јавниот превоз ќе функционира во две смени – од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен, односно по неделен возен ред.
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје, со избор на посакуваната линија.
В сабота од 7.30 до 17 часот ќе бидат отворени билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.
Во недела, од 7.30 до 13 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).
