„Јазикот не е тежок, најтешка е граматиката… Зборови како замрзнувач, всушност, крстопат е речиси невозможно да се изговорат…“
Вака, дел од дипломатите кои работат во Амбасадата на САД во Скопје го опишуваат македонскиот јазик, кој го изучувале пред да дојдат на служба во нашата земја.
Амбасадата на САД изработи посебно видео во чест на денешниот Ден на македонскиот јазик – 5 мај кое го сподели на својот фејсбук-профил. Во него дипломатите Џин Енрикез, Лук Захнер и Барбара Модзиерз ги споделуваат нивните гледишта и предизвиците со кои се соочиле во изучувањето и што им се допаѓа.
„Тоа е многу прецизен јазик во кој за секое најмало дејство има глагол што е фруистрирачки, но исто така покажува дека македонскиот јазик е литературен јазик“,
вели Захнер.
Посебно ги издвојува поговорките и народните приказни, особено оние со Итар Пејо.
Пред заминувањето на нова дипломатска функција, вработените во овие служби во период од 6 месеци до 2 години го изучуваат јазикот на земјата каде што ќе работат.