Мојот предлог е да градиме геријатриски центри во склопот на општите болници, да има од 20 до 50 легла и практично сите наши граѓани кои се во тешка здравствена состојба да бидат згрижени во тие геријатриски центри затоа што луѓето не можат да најдат лице кое ќе се грижи за нив, затоа што нивните деца треба да работат или не се во државата, рече Јакимовски
Да се отвораат повеќе геријатриски центри и најмалку петнаесетина пензионерски дома низ градовите во Република Македонија, порача претседателскиот кандидат од ГРОМ, Стевче Јакимовски. Според него, во Македонија има 330 000 пензионери и поради фактот што младите се иселуваат, државата треба да гради институции што ќе се грижат пензионерите.
Мора за пензионерите да имаме институционална грижа, кога таа грижа ја нема од децата, а од друга страна јасно е дека има повеќе од 750 000 граѓани во моментот кои се врзани за постела, било да се работи за парализа, мозочни удари, тешки сообраќајки или луѓе кои се во тешка терминална фаза. Тоа значи дека треба да градиме геријатриски центри, рече Јакимовски.

„Мојот предлог е да градиме геријатриски центри во склопот на општите болници, да има од 20 до 50 легла и практично сите наши граѓани кои се во тешка здравствена состојба да бидат згрижени во тие геријатриски центри затоа што луѓето не можат да најдат лице кое ќе се грижи за нив, затоа што нивните деца треба да работат или не се во државата, но државата мора да биде таа која ќе направи институционална форма и ќе води грижа за луѓето кои се во тешка здравствена состојба“,
кажа Јакимовски.
Јакимовски предлага и ниту едно пензионерско семејство да нема приход помал од 25 000 денари, односно секое пензионерско семејство да има барем еден минимум со кој ќе може да ги покрие трошоците за исхрана, за лекови, за греење, за ѓубретарина, за вода и за други потреби коишто тие ги имаат.
Носителката на листа од ИЕ 1, Добрила Андоновска, порача дека станува збор за минимална пензија со која може да опстанат пензионерите во денешно време, да ги платат сите свои давачки, да се хранат квалитетно и да ги платат сите трошоци за здравственото лекување.
„Како пензионер од пред четири години, доктор по професија, она што сигурно можам да го гарантирам е дека ќе се залагам за една семејна пензија којашто е во нашата програма и ќе ја реализираме, со законски измени, каде што пензијата во едно пензионерско семејство не смее да биде помала од 25 000 денари. Што значи тоа? Ако имате еден пензионер во семејството кој има помала пензија од 25 000 денари, низ системот на социјалните мерки, таа пензија ќе се надомести до 25 000 денари. Ако имате двајца пензионери, а потоа едниот почине, останува едната пензија, повторно пензионерот ќе оствари право на пензија до 25 000 денари“,
порача Андоновска.