Според него, ако се анализираат двете политички партии, СДСМ е подготвен да предаде и тоа веднаш, и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот, како што вели тој, кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори
Пратеникот во германскиот парламент, Бејер, го потврди она што јас веќе го зборувам подолго време, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да извршат промени на Уставот, но чекаат прво евентуално да победат на парламентарните избори, па потоа да го направат тоа предавство.
Ова денеска го изјави кандидатот за претседател на државата од ГРОМ, Стевчо Јакимовски за изјавата на пратеникот во германскиот парламент Питер Бејер, од редовите на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, кој синоќа на ТВ Сител рече дека со сигурност знае оти ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот.

Според него, ако се анализираат двете политички партии, СДСМ е подготвен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот, како што вели тој, кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори.
„И јас сега сакам да прашам, бидејќи тие велат ќе поставуваат услови, ќе било одложено важењето на Уствот, само сакам да прашам за господинот Мицкоски, кого лаже? Дали го лаже германскиот пратеник или ги лаже гласачите, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кого лаже?! Јас мислам дека, мојата проценка е дека тој му ја кажува вистината на германскиот пратеник, а на македонските граѓани им ја кажува лагата дека тој ќе поставува услови, дека тој ќе бара одложено дејство на важење на Уставот кога ќе влеземе во ЕУ“,
вели Јакимовски.
Како што вели тој, германскиот пратеник ни кажал дека Христијан Мицкоски можеби ќе гласа и пред да излеземе на гласање на овие парламентарни избори.
„Она што јас сакам да кажам е дека треба да се престане со нечесното играње кон Македонците и треба да се престане да се третираат Македонците како монета за поткусурување и затоа на овие парламентарни избори македонското гласачо тело треба да одлучи да не го дава гласот за оној којшто е подготвен да ги предаде, да го отвори Уставот, потоа да се бира претседател во Парламентот. Практично претседателот да биде резултат на уцени и партиско-политички пазарења, исто така да се направи граѓански Устав кајшто ние Македонците од единственото место кадешто постоиме во некој документ, а тоа е Уставот на Република Македонија ќе бидеме избришани и кадешто практично ќе се прифатат сите барања на бугарската држава, а тоа е дека сме нација од 1944 година, дека нашиот јазик е фалшлив бугарски јазик, односно дека нашиот јазик е модифициран бугарски јазик, а нашите историски личности се по род Бугари“,
вели претседателскиот кандидат од ГРОМ.
Според Јакимовски, недозволиво е на ваков начин да се изигруваат граѓаните на Република Македонија.
„Мислам дека колку и да е вистината тешка, колку и да е горка за граѓаните, треба да им се кажува вистината. Токму затоа мислам дека на овие избори ваквите партии треба да бидат казнети и македонските граѓани да донесат одлука, односно да дадат поддршка на оние што ќе ги штитат националните интереси, особено на Македонците во Република Македонија“,
рече тој.
Германскиот пратеник синоќа на Сител рече дека со сигурност знае оти ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот, а денеска на својот фејсбик-профил напиша оти рекол дека е подобро уставните измени да се случат што поскоро и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ на оваа тема е познат.