„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна. Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и другите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“, вели министерот за надворешни работи
Северна Македонија е коспонзор заедно со Германија, САД и други држави на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година и одбележување секоја година.
Ова денеска го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи и кандидат за претседател на претстојните претседателски избори додавајќи дека резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а за неа ќе се гласа на 2 мај годинава.

Пред да бара поддршка од сите земји членки на Обединетите нации, Османи рече дека дека ќе ја образложи Резолуцијата, како и дека ова се прави во пресрет на 30-годишнината од геноцидот, која како што рече, треба да се одбележи во 2025 година.
„Во пресрет на 30 годишнината од геноцидот во 2025 година, каде најмалку 8 372 животи беа изгубени и толку семејства уништени, ги повикуваме Генералното собрание на ОН да ја донесе следната Резолуција. Да одлучи 11 јули да се прогласи секоја година да се одбележува како Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница од 1995 година. Осудува без резерва секое одрекување на геноцидот и ги повикува сите членови на ОН да ги чуваат фактите и да ги шират преку образовниот систем, развивајќи посебни програми за спречување на повторување на истото. Осуда без резерва на сите акти за глорифицирање на воените злосторници против човештвото и геноцидот, вклучувајќи ги и тие во Сребреница. Ја истакнува важноста од комплетирање на процесот на пронаоѓање и идентификација на жртвите. Ги повикува сите земји да се придружат кон обврските согласно Конвенцијата и да преземат соодветни мерки за казнување на тие што ги прекршуваат одредбите на оваа Резолуција. Го повикува Генералниот секретар на ОН да воспостави програма на ОН за геноцидот во Сребреница со започнување на активности по повод одбележување на 30 години од геноцидот. Ги повикува сите земји членки на ОН, меѓународните и регионалните организации, граѓанското општество и академијата да го почитуваат овој Меѓународен ден“,
рече Османи.
Одговарајќи на новинарско прашање како очекува дека ова ќе влијае на односите на нашата земја со Србија, Османи рече дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, како што рече, затоа што осудуваме геноцид.
„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна. Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и останатите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“,
рече тој.