Французите, Италијанците и Британците најстрого го оценија одговорот на нивните власти на епидемијата
Граѓаните на државите кои се најпогодени од коронавирусот се најмалку задоволни од одговорот на властите на епидемијата, според анкета објавена денеска.
Анкетата, во соработка со Институтот Ипсос и неговите партнери, е спроведена во седум земји од 16 до 24 април. : Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Австрија, Шведска и Нов Зеланд.
На скала од 0 до 10, најслаба оценка доби францускиот претседател Емануел Макрон (4,1). Неговиот одговор на епидемијата не е задоволителен за 42 проценти од Французите.
Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Арден доби највисока оценка (7,8). Само седум проценти од граѓаните се незадоволни од нејзините мерки.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц доби оценка од 6,8 (со 11 проценти од незадоволните граѓани). Следува германската канцеларка Ангела Меркел со оценка 6 и 20 проценти незадоволни граѓани.
Рејтинг под 6 имаат британскиот премиер Борис Џонсон (5,6), италијанскиот премиер Џузепе Конте (5,5) и шведскиот премиер Стефан Левен (5,2).
