Министерот за здравство на Велика Британија, Мат Хенкок, денеска објави дека во земјата е достигнат рекорд во направени тестови за ковид -19 од 100 000 дневно.
Оваа бројка е достиганта со тоа што тестирањето за ковид-19 сега е проширено и на оние кои не спаѓаат во групата ризични професии, не се хоспитализирани и не се постари од 65 години со симптоми на зараза.
Во Англија сега можат да се тестираат сите граѓани, а еден од начините е процесот на земање брис да го направат сами во центри до кои пристапуваат со автомобил и воопшто не излегуваат.
Би-би-си објави видео во кое една жена ја објаснува процедурата на тестирање: Со ракавици, се зема брис од грлото и носот, кој се затвора во епруветата, која потоа се дезинфицира, се става налепница со основните податоци на тестираниот и се става во специјален контејнер.

Велика Британија има 177 454 заболени лица досега, од кои денеска како нови се пријавени 6 201 лица и 27 510 смртни случаи од кои 739 се во изминатите 24 часа.