Европската централна банка (ЕЦБ) не исклучува дека на економијата во еврозоната може да и биде потребно време до крајот на 2022 година за да го достигне нивото пред пандемијата.
Како што се наведува во извештајот објавен од финансискиот регулатор, при песимистичко сценарио, бруто домашниот производ во еврозоната може да се намали за 12 отсто оваа година. Во вториот квартал од оваа година можно е да се забрза економскиот пад до 15 проценти. Со олеснување на кризата, ЕЦБ очекува пад на БДП за пет отсто во 2020 година.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард минатата недела изјави дека еврозоната ќе се соочи со „невиден економски пад“, иако истакна дека ваквите прогнози се комплицирани поради тоа што не може да се предвиди колку долго ќе трае епидемијата.
