Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 21-годишен жител на липковското село Лојане ќе биде поднесена соодветна пријава
Полициски екипи од отсекот за недозволена трговија и оружје при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска лишиле од слобода 21-годишен жител на липковското село Лојане.

Имено, како што соопштија доцна попладнево од Министерството за внатрешни работи, 21-годишниот Ф.К. бил затекнат во демот на неговиот брат каде полициските службеници пронашле рачна бомба и пиштол.
„При претрес во домот на неговиот брат М.К. во Лојане, извршен по судска наредба, Ф.К.бил затекнат таму и биле пронајдени рачна бомба и пиштол“,
се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму додаваат дека Ф.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.