Од 17:45 часот нормално работи третата смена во јавниот градски превоз во Скопје и автобусите на ЈСП, но и автобусите на приватните превозници
Од 17:45 часот повторно е нормализиран јавниот градски сообраќај во Скопје, информира за МИА претседателот на Синдикатот на ЈСП „Скопје“, Миќо Стојановски.
„Од 17:45 часот нормално работи третата смена во јавниот градски превоз во Скопје и автобусите на ЈСП, но и автобусите на приватните превозници“,
изјави Стојановски.
Денеска јавниот градски превоз од 9:00 часот беше во прекин сè до изгласувањето на одлуката за доделување собвенции на јавното сообраќајно претпријатие ЈСП „Скопје“ на вонредната седница на Советот на Град Скопје.
Веднаш по седницата Стојановски најави дека од утре од 4:45 часот сигурно ќе има нормален градски превоз во Скопје и додаде дека во Синдикатот дополнително ќе се догвораат дали денеска од 17 до 24 часот ќе има јавен градски превоз.
Инаку, попладнево камерата на „360 степени“ забележа дека на автобуските постојки граѓани чекаа автобуси.
Претходно, Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП „Скопје“ за 2024 година во висина од 11 милиони евра.
Во очекување да се изгласа оваа точка, вработените во претпријатието во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата, утрово во 9 часот прекинаа да сообраќаат по скопските улици.
Со 25 гласа „за“ одлуката за субвенции на ЈСП дочекана со аплауз од дел од советниците