Ковачевски, Ахмети и Заев имале заеднички ручек кој траел четири часа, на кој се разговарало за претстојните парламентарни и претседателски избори, но и за стратегијата за настап на власта на изборите како коалиција
Премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и поранешниот премиер Зоран Заев денеска имале работен ручек во Скопје.
Веста што ја објави ТВ Клан Македонија ја потврдуваат и од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).

Ковачевски, Ахмети и Заев имале заеднички ручек кој траел четири часа, на кој се разговарало за претстојните парламентарни и претседателски избори, но и за стратегијата за настап на власта на изборите како коалиција на европски фронт.
Според информациите, работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но не се откриваат повеќе детали дали се разговарало и за други теми.
Инаку, една ваква средба меѓу Заев и Ахмети пред една година се одржа во Струмица.