По барање на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција

Полицијата соопшти дека вчера попладне жител на гостиварското село Форино пријавил дека во нива во близина на штала која ја користел, го пронашол паднат на земја неговиот 83 годишен татко.
Човекот бил со повеќе рани по телото, за кои постои сомнеж дека најверојатно биле нанесени од животни.
Итната медицинска помош констатирала смрт, а телото е дадено на обдукција.
„Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“,
соопшти МВР.