Договорот меѓу земјите од ЕУ и членовите на Европскиот парламент беше постигнат во петокот по речиси 15 часа преговори, кои следеа речиси 24-часовна дискусија претходниот ден. Во наредните денови се очекува двете страни да се договоратт околу деталите кои би можеле да го сменат обликот на финалниот предлог-закон
По долги преговри, претставниците на Европската Унија постигнаа привремен договор за клучните правила на ЕУ за регулирање на употребата на вештачката интелигенција. Со овој договор, ЕУ е на пат да стане првата голема светска сила која ќе донесе закони за регулирање на вештачката интелигенција и нејзините системи како „Чат ГПТ“.

Договорот меѓу земјите од ЕУ и членовите на Европскиот парламент беше постигнат во петокот по речиси 15 часа преговори, кои следеа речиси 24-часовна дискусија претходниот ден. Во наредните денови се очекува двете страни да се договоратт околу деталите кои би можеле да го сменат обликот на финалниот предлог-закон.
„Европа се позиционираше како пионер, сфаќајќи ја важноста на нејзината улога како глобален поставувач на стандарди. Ова е, верувам, историски ден“,
рече еврокомесарот Тиери Бретон, додавајќи дека со Актот за вештачката интелигенција ќе се постават јасни правила за нејзина употреба.
Historic!
— Thierry Breton (@ThierryBreton) December 8, 2023
The EU becomes the very first continent to set clear rules for the use of AI ??
The #AIAct is much more than a rulebook — it’s a launchpad for EU startups and researchers to lead the global AI race.
The best is yet to come! ? pic.twitter.com/W9rths31MU
Предлозите вклучуваат заштитни мерки за употребата на вештачката интелигенција во ЕУ, и имаат за цел, меѓу другото, да обезбедат квалитет на податоците кои се користат за развој на алгоритми и да обезбедат авторските права да не се прекршуваат при развојот на вештачката интелигенција.
Законот би забранил собирање на слики од интернет или снимки од безбедносни камери со цел да се создадат бази на податоци за препознавање лица, но предвидува и исклучоци за употреба на биометриски системи за идентификација на јавни места што ќе се користи искучиво при потраги на осомничени или осудени лица за сериозни кривични дела, како и лица кои се цел на киднапирање или трговија со луѓе.
Дополнително, за системите на вештачка интелигенција кои се класифицирани како високоризични поради нивната значителна потенцијална штета врз основните права на луѓето, здравјето, безбедноста, животната средина, демократијата и владеењето на правото, граѓаните ќе имаат можност да поднесат жалба и да добијат објаснување за одлуките засновани на високоризичните системи за ВИ кои влијаат на нивните права.
За прекршување на законот се предвидени санкции.