Словенечкиот производител на бела техника „Горење“ ќе отпушти 2 200 работници поради кризата предизвикана од пандемијата со новиот коронавирусот, јави Радио-телевизија Словенија.
Одлуката за отпуштање на работниците е донесена на синоќешниот вонреден состанок на претставниците на „Горење“, со образложение дека е намалена побарувачката поради пандемијата.
„Од вкупно 2 200 работници кои ќе добијат отказ, илјада ќе бидат во Словенија, а другите од филијалите во други земји“,
изјави претставник на синдикатот на „Горење“.
Минатиот април, во компанијата работеа 9 300 луѓе, пренесува РТС.
„Горење“ е еден од најголемите словенечки извозници и има фабрики во Србија и во Чешка, а во 2018 година компанијата беше преземена од кинеската фирма „Хисенсе“.