Променливо облачно време со локални врнежи од дожд се очекува во текот на денот. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
И во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во првите два дена од следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекува во среда и четврток.