И утре ќе се задржи студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен, наместа повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со засилен ветер од северен правец.

Утре ќе се задржи студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

