„Северна Македонија не покажува знаци за запирање на јазикот на омраза кон Бугарија. Злобата кон сè бугарско, која расте и поминува неказнето, е неприфатлива и недостојна, и престана да биде двострано прашање. Јазикот на омраза на Република Северна Македонија кон Бугарија сега е европско прашање“, рекла меѓудругото Јотова во нејзиниот говор под повод одбележувањето на 100-годишнината формирањето на Македонскиот научен инситутит во Бугарија што се одржало во понеделникот
Министерот за надворешни работи Бујра Османи денеска прашан за коментар и дали ќе има некаква реакција од македонска страна во врска со нејзините наводи, рече дека станува збор за висок државен функционер на Бугарија кој и предходно предничеше во агресивните кампањи на одредени политички актери кај источниот сосед насочени против Северна Македонија
Ден пред посетата на претседателот на бугарското Народно Собрание на С Македонија, Росен Желјазков, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова на настан во Софија повторно ја обвини земјава дека не запира со јазикот на омраза кон Бугарија, изразувајќи песимизам дека во Скопје има волја за продолжување на промените во однос на евроинтегративниот процес.

Настанот на кој говорела Јотова бил на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, а повод одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Македонскиот научен инситутит во Бугарија.
Во нејзиниот говор, од кој делови може да се прочитаат во соопштението објавено завчера на официјалната веб-страница на претседателот на Бугарија, Јотова употребува изрази како „северномакедонски Устав“ и „таканаречена македонска нација“.
Министерот за надворешни работи Бујра Османи денеска прашан за коментар и дали ќе има некаква реакција од македонска страна во врска со нејзините наводи, рече дека станува збор за висок државен функционер на Бугарија кој и предходно предничеше во агресивните кампањи на одредени политички актери кај источниот сосед насочени против Северна Македонија.
Османи го осуди начинот на кој истапува Јотова, претходно потсетувајќи дека односите меѓу Бугарија и С Македонија често беа жртва на внатрешните политички динамики во Бугарија.
„Знаете дека најголемата криза во односите се случи околу, пред, после изборите таму и секогаш одредени политички актери се обидуваа ова прашање да го користат за добивање на политички поени. За жал потпретседатлката што ја споменавте предничеше во една таква кампања против Република Северна Македонија против македонскиот народ во обид да си создаде сопствен политички профил. Можам само да го осудам таквиот начин кој не носи добро ниту на Република Бугарија, ниту на односите помеѓу нашите две држави кои што се НАТО-сојузници“,
изјави Османи одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конфренција со својата романска колешка Луминуца Одобеску, која денеска е во посета на земјава.
На дополнително прашање дали земјава ќе остане само на неговата лична изјава, шефот на дипломатијата посочи дека согласно нашето уредување еден од ретките функционери кој кога зборува не зборува во лично име туку во името на државата е министерот за надворешни работи.
„Така што моите ставови се ставови на Република Северна Македонија и тие што ги кажав во однос на г-ѓа Јотова како еден од предводниците на негативната кампања кон Република Северна Македонија и македонскиот народ само заради внатрешни динамики во Република Бугарија и меѓусебни партиско-политички препукувања е е кратковидост за една таква важна позиција како што е потпретседател на држава“,
изјави Османи.

Инаку, според соопштението објавена на веб-страната president.bg, Јотова на свеченоста на софискиот универзитет истканала дека политичарите во Скопје не покажуваат ниту желба ниту консензус за соработка.
„Северна Македонија не покажува знаци за запирање на јазикот на омраза кон Бугарија. Злобата кон сè бугарско, која расте и поминува неказнето, е неприфатлива и недостојна, и престана да биде двострано прашање. Јазикот на омраза на Република Северна Македонија кон Бугарија сега е европско прашање“,
рекла Јотова.
За Бугарија, како европска земја на 21 век, нагласила таа, е неприфатливо да се толерираат систематски криминални дела и насилство врз Бугарите во Северна Македонија.
Јотова навела и дека институтот во своето стогодишно постоење повеќа пати дошол до заклучок дека не е во ред да се гради „македонски идентитет“ на антибугарска основа.
„Да ги охрабриме раководството и соработниците на институтот да продолжат да бараат истомисленици во Северна Македонија, бидејќи само заедно можеме да го искорениме јазикот на омразата, само на тој начин можеме да им помогнеме на нашите соседи на патот кон европското членство. Како модерна земја, Бугарија го поздравува раскинувањето на Балканот со репутацијата на центар на домашни и братоубиствени непријателства“,
истакнала бугарската потпретседатлка.
Таа потсетила и дека шефот на државата Румен Радев во дијалогот со Северна Македонија ја наметнал тезата за императивна промена на Уставот на со што ќе се гарантираат правата на Бугарите. Сепак, како што посочила таа, во Северна Македонија нема политичка волја за придвижување на промените, додавајќи оти е песимист дека ќе има нивен развој до крајот на годината.

Јотова се осврнала и на последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава во однос на европската интеграција.
„Брисел не ги прифаќа заткулисните обиди на власта во Скопје да ја заобиколи заложбата да ги вклучи Бугарите како државотворен народ во северномакедонскиот Устав“,
посочила бугарската попретседателка.
Во својот говор, таа рекла дека останал неуспешен обидот за признавање на „таканаречената македонска нација“ со прогласување на македонско-американското културно наследство во американската сојузна држава Мичиген.
„Дијаспората на Бугарите, Грците и Албанците реагираа на тврдењето дека во САД живеат над половина милион Американци со македонско потекло. Прогласувањето е прекинато“,
рекла Јотова.
„Својствата и материјата се делат, иако тешко, но историјата не е покривка или черга, не може да се пресече на ‘ваши’ и ‘наши’ парчиња и периоди. Трагикомични се и обидите за поделба на историските личности. Или како што кажа и самиот Гоце Делчев – ‘Што да правиме што сме Бугари!“,
изјавила потпретседателката на Бугарија, порачувајќи дека од повиканите да владеат со Бугарија се очекува длабински да ја познаваат историјата, да знаат што е добро, да им подадат рака на соседите, но да бидат одлучни и бескомпромисни кога станува збор за заштита на идентитетот.
