Од „ЕСМ – Снабдување со топлина“ велат дека поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори да биде воспоставено во најкраток можен временски рок

Дефект, во кој има губење на вода од дистрибутивната мрежа, денеска остави дел од населбата Кисела Вода без топлинска енергија, информираат од „ЕСМ – Снабдување со топлина“.
„Дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода во објектите кои се лоцирани на улиците Вера Јоциќ, Христо Татарчев, Народни Херои, Козјак, Пушкинова, Димо Хаџи Димов, 14 Декември, Локов, Никола Добровиќ, Георги Димитров и улицата 1511“,
се вели во соопштението.
Од „ЕСМ – Снабдување со топлина“ велат дека екипите на „ЕСМ Дистрибуција на топлина“ веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање на дефектот, со цел да биде изолиран и саниран.
„Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“,
соопшти ЕСМ.
За дополнителни информации, додаваат од „ЕСМ – Снабдување со топлина“, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.
