Целите за негово донесување, како што може да се види во воведниот дел од Предлогот, се да се создадат правила за поефикасно фунционирање на Собранието и на работните тела во него, со прецизни деловнички одредби. Предложениот Деловник предвидува одредбите од него да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав
Во новиот Деловник што го предлага Џафери е предвиден рок колку долго може да трае седницата за избор на претседател на Собранието, прашање кое не е уредено во постојниот. Измените се во членот 21, каде што во ставот 2 се предвидува: „За избор на претседател на Собранието да се води единствен претрес кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот“
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во редовна собраниска процедура поднесе нов Предлог-деловник за работата на законодавниот дом.

Како што соопштија попладнево од собраниските служби, предложениот нов Деловник е плод на повеќегодишна работа на учесниците во процесот на Дијалогот „Жан Моне“ на Европскиот парламент со Собранието.
Предложениот Деловник предвидува одредбите од него да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав.
„Во Предлог-деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција“,
се наведува во соопштението на Секторот за односи со јавност на Собранието.
Предлогот, како што се додава, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска фрома, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127. пленарана седница, закажана за 3 октомври 2023 година.
Материјалот е веќе достапен на веб-страницата на Законодавниот дом.
Целите за негово донесување, како што може да се види во воведниот дел од Предлогот, се да се создадат правила за поефикасно фунционирање на Собранието и на работните тела во него, со прецизни деловнички одредби.
„Основните решенија на овој Предлог-деловник како консензуален правен акт, ќе придонесат за зголемување на ефикасноста и квалитетот на функционирањето на Собранието и преку нив со новите деловнички одредби ќе се избегнат досегашните можни недоследности и недоречености кои постоеја во постојниот Деловник на Собранието на Република Македонија. Овој нов деловник за идните состави на пратеници на Собранието ќе преставува механизам за спречување на можноста од произволно толкување и примена на одредбите и ќе го оневозможи попречувањето на работата и функционалноста на Собранието“,
се наведува во воведниот дел на Предлог-деловникот.

Одредбите од постојниот Деловник кои во имплементирањето различно се толкуваа, а кои со новиот што го предлага Џафери треба да се надминат, се однесуваат на: конститутивната седница, пратеничките прашања, имунитетот на пратениците, дебатата, воспоставувањето на парламентарен календар, дневниот ред на седницата, изборот на потпретседатели, именувањето на генерален секретар и нејзините/неговите заменици, итната и скратената постапка за донесување закони и „создавањето на деловнички механизми со кои ќе се ограничат пречките за непречено функционирање на работните тела и на Собранието“.
Во делот кој се однесува на конститутивната седница, кој е уреден во Главата 2 и во постојниот и во предложениот Деловник, е и првата условно кажано поголема измена.
Имено, во новиот Деловник што го предлага Џафери е предвиден рок колку долго може да трае седницата за избор на претседател на Собранието, прашање кое не е уредено во постојниот.

Измените се во членот 21, при што во ставот два се предвидува:
„За избор на претседател на Собранието да се води единствен претрес кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот“

Токму поради оваа недореченост првиот избор на Талат Џафери доведе до една од најдраматичните ситуации во поновата историја на земјата. Откако по предвремените избори во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Парламентот, седницата за избор на претседател беше блокирана со месеци, а претходниот спикер Трајко Вељаноски, кој претседаваше со неа, ја водеше во недоглед. Кога пратениците од новото мнозинство решија да гласаат за нов претседател на Законодавниот дом на 27 април, се случи упадот во Собранието и „крвавиот четврток“.