Уште во 70-ите години на минатиот век истражувањата во Советскиот Сојуз покажале дека вакцината освен што одлично се справува со полио, ги штитела примателите и од други работи, како грип, дури подобро и од лекарствата што биле стриктно за таа намена, вели застапникот на оваа теза, американскиот вирусолог, Роберт Гало
Признатиот американски вирусолог, д-р Роберт Гало, смета дека полио-вакцината против детска парализа може да се користи за создавање привремен имунитет кој би помогнал за подобар одговор на човечки организам заразен со новиот коронавирус. Оваа хипотеза д-р Гало ја базира на истражувања на руски научник од времето на Советскиот Сојуз, чиј син Константин Чумаков сега работи во американската Агенција за храна и лекови.
Мајката на Чумаков, во 1970-ите година, публикувала статија заснована на истражување кое покажало дека вакцинацијата за полио, во тоа време, се покажала ефикасна во борбата против грипот. Вирусологот Гало верува дека во актуелните околности оваа вакцина би можела да му даде на организмот привремен имунитет против ковид-19 во траење од еден месец или повеќе, слично како против грипот.
„Уште во 70-ите години на минатиот век истражувањата во Советскиот Сојуз покажале дека вакцината освен што одлично се справува со полио, ги штитела примателите и од други работи, како инфлуенца. Дури подобро штитела од инфлуенца и од лекарствата што биле стриктно за таа намена. Не се забележани случаи на заболени од инфлуенца кај луѓе вакцинирано со полио во Советскиот Сојуз“,
вели Гало.
Тој појаснува дека станува збор за стимулирање првичен одговор на имунолошкиот систем на човекот, неспецифечен за ковид-19, со временскиот ограничено дејство од неколку недели. И покрај лимитираниот ефект, Гало смета дека примањето вакцина може значително да помогне во сегашната ситуација во која се уште се бара лек или специфична вакцина за ковид-19.
Гало планира да спроведе тестирање на оваа своја претпоставка во Балтимор и во Њујорк.
Американскиот виролог е коосновач и научен советник на Global Virus Network, мрежа од научници во светот кои разменуваат искуства во борбата против вирусите.
СЗО засега не препорачува вакцинирање
По јавното експонирање на тезата на американскиот вирусолог, со реакција излезе Светската здравствена организација (СЗО).
„СЗО не ја препорачува оралната полио-вакцина за превенција од ковид-19. Обеденетите нации кажаа – нема докази дека ОПВ која примарно се користи против полио, ги штити луѓето и од ковид-19, болеста предизвикана од новиот коронавирус“,
велат од СЗО.