Украинско беспилотно летало доцна синоќа го нападна градот Курск, при што е погодена железничка станица, каде што се ранети пет цивили, изјави гувернерот на регионот, Роман Старовоит
Според првичните информации, дронот удрил во покрив на зградата на станицата, а потоа избувнал пожар, при што пет лица се здобиле со полесни повреди, информираат руските власти. Во меѓувреме, друг дрон на кого крајна дестинација за напад му била Москва, бил пресретнат од руските сили
Според руското Министерство за одбрана, дронот бил пресретнат над реонот Ступински во московската област додека се движел кон Москва. Тој бил уништен со електронски средства и паднал во напуштена област без да предизвика жртви или штета. Министерстовото го осуди нападот оквалификувајќи го како терористички напад, а поради ваквата ситуација, московските аеродроми „Домодедово“ и „Внуково“ накратко беа затворени.