35-годишниот Нермин Сулејмановиќ од Градачац, Босна и Херцеговина ја убил поранешната сопруга и двајца мажи, татко и син. Тој ранил полицаец и уште еден пар маж и жена на различни локации во Градачац. Кога полицијата почнала широка потера по него, го пронашла мртов во автомобил

фото: социјални мрежи
Три возрасни лица се убиени, а уште три се ранети во областа Градачац, потврди Министерството за внатрешни работи на Тузла, Босна и Херцеговина, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Осомничен за убиствата е Нермин Сулејмановиќ (35) од Градачац, кого полициски сили го лоцирале на поширокото подрачје на градот. Но кога почнала широката акција, тој се самоубил.
„Сулејмановиќ со пиштол ја убил поранешната сопруга и двајца мажи, татко и син. Ранил полицаец и уште еден пар маж и жена на различни локации во Градачац. Полициските сили се на терен. Истрагата ќе ја спроведе дежурниот обвинител во соработка со истражителите на Секторот за криминалистичка полиција на МВР и на полицијата во Градачац“,
потврдија од Обвинителството на Тузла.
„Полицијата го пронајде мртов во автомобилот, а операцијата беше во тек“, изјави за РСЕ министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла, Хајрудин Механовиќ.
Потрагата по лицето што ги изврши убиствата траеше неколку часа. Насилникот објави детали од пукањето на Инстаграм, а овие содржини потоа беа отстранети од социјалната мрежа.
Сојузното Министерство за внатрешни работи потврди дека видеата што ги споделил насилникот на социјалните мрежи се отстранети.
„Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал при Федералната полициска управа во Сојузното Министерство за внатрешни работи, во соработка со МВР на кантонот Тузла и со одобрение на предметниот обвинител, ја отстранија снимката од социјалната мрежа Инстаграм и прибавија податоци за корисничкиот профил, а кои беа проследени до инспекторите за компјутерски криминал на МВР на кантонот Тузла“,
изјави Ервин Мушиновиќ, началник на кабинетот на сојузниот министер за внатрешни работи.