Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, е во трка со Индија, која минатиот месец го лансира своето лунарно летало „Чандрајан 3“. Во поширока конкуренција се и Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, кои имаат напредни програми за истражување на Месечината насочени кон јужниот пол на природниот сателит на Земјата. Се очекува вселенското летало да ја допре Месечината на 21 август, соопштија од руската вселенска агенција „Роскосмос“
Русија денеска, по локално време, го лансира своето прво лунарно летало „Луна 25“ по речиси 50 години, во обид да биде првата нација што ќе направи меко слетување на јужниот пол на Месечнината, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос, јавуваат светските агенции.

Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, е во трка со Индија, која минатиот месец го лансира своето лунарно летало „Чандрајан 3“. Во поширока конкуренција се и Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, кои имаат напредни програми за истражување на Месечината насочени кон јужниот пол на природниот сателит на Земјата.
Ракетата „Сојуз 2.1б“ што го носеше леталото „Луна 25“ полета од космодромот „Восточни“, оддлечен 5 550 км источно од Москва, во петокот во 2:11 часот по московско време, а нејзината горна фаза со исфрлање на леталото надвор од орбитата на Земјата кон Месечината се случи нешто повеќе од еден час подоцна, потврди руската вселенска агенција „Роскосмос“, пренесува Ројтерс.
Се очекува вселенското летало да ја допре Месечината на 21 август, изјави за агенцијата Интерфакс шефот на руската вселенска програма Јуриј Борисов. Руската вселенска агенција Роскосмос претходно го одреди 23 август како датум на слетување.
„Сега ќе го чекаме 21 август. Се надевам дека ќе се случи многу прецизно меко слетување на Месечината“,
им рекол Борисов на работниците на космодромот „Восточни“ по лансирањето, пренесе Интерфакс.
Инаку, индиското летало „Чандрајан 3“, според најавите треба да се спушти на Месечината на 23 август.
„Луна 25“, кое е со приближна големина на мал автомобил, има цел да работи една година на јужниот пол на Месечината, каде што научниците од НАСА и другите вселенски агенции во последниве години открија траги од воден мраз во кратерите.
Американскиот астронаут Нил Армстронг се стекна со слава во 1969 година, откако стана првиот човек што чекореше на Месечината, но мисијата „Луна 2“ на тогашниот Советскиот Сојуз беше првото вселенско летало што стигна до површината на Месечината во 1959 година, а мисијата „Луна 9“ во 1966 година беше првата што направи меко слетување на пририодниот сателит, потсетува Ројтерс.
Москва потоа се фокусираше на истражување на Марс, но со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Русија не испрати научни сонди надвор од земјината орбита.
Коментираните за актуелната руска мисија на Месечината, која Москва ја планира со децении, се дека со неа земјата ќе ја тестира растечката независност на нацијата во вселенските истражувања, по нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година, која ги прекина речиси сите врски на Москва со Западот во ваквите проекти, покрај нејзината интегрална улога на Меѓународната вселенска станица.
„Руските аспирации кон Месечината се измешани во многу различни работи. Мислам дека прво и основно, станува збор за покажување на националната моќ на глобална сцена“,
изјави за Ројтерс, Асиф Сидики, професор по историја на Универзитетот Фордам.