Според неофицијални информации, момчето се заплеткало во мрежи и не можело да се издигне на површината на морето, јавуваат грчките медиуми
Единаесетгодишно дете денеска се удавило на плажа во Грција.
Тој во бессознание бил извлечен од водата и со возило на брза помош бил пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.
Според информациите, неговата мајка го барала уште од раните попладневни часови, а во 18 часот и 30 минути кај властите го пријавила како исчезнат. Полицијата и крајбрежната стража веднаш започнале потрага која завршила трагично кога во 20 часот и 30 минути било забележано телото на малолетникот.
Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во руралната амбуланта на островот Фурни, каде била констатирана смрт.
Според неофицијални информации, момчето се заплеткало во мрежи и не можело да се издигне на површината на морето, јавуваат грчките медиуми.